Неопходен елемент во гардеробата на секоја жена е блузата. Еднобојни, цветни, пругарсти блузи, оние за секој ден и оние за специјални пригоди, на секој аутфит можат да му дадат посебен тон, во зависност од тоа како се комбинирани. За дами со стил подготвивме модели со класични кроеви, асиметрични и блузи на преклоп. Декоративните детали во форма на брошеви и карнери им дадоа на нашите креации совршена доза на софистицираност. Имајќи ја предвид вашата удобност, ја збогативме понудата со пријатни материјали. Блузи од тексас, памучни и вискозни блузи се задолжителни во секоја сезона.